Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го разреши министерот за одбрана Јоав Галант.
Наведувајќи го недостатокот на меѓусебна доверба, Нетанјаху објави дека го отпушта министерот за одбрана Јоав Галант, долгогодишен ривал во партијата Ликуд, пишува Тајмс оф Израел.
Во краткото писмо објавено од неговата канцеларија, Нетанјаху му кажува на Галант дека „мандатот завршува 48 часа по добивањето на ова писмо“.
Тој му се заблагодари на Галант за неговата служба како министер за одбрана.
На местото на Галант ќе дојде министерот за надворешни работи Израел Кац, додека министерот без ресор Гидеон Сар ќе го замени Кац како министер за надворешни работи.
„За жал, иако имаше доверба во првите месеци од војната и имаше многу плодна работа, во последните месеци оваа доверба пукна меѓу мене и министерот за одбрана“, рече Нетанјаху во видео изјавата.
Тој вели и дека не се договориле за менаџирање на војната, а Галант донел одлуки и изјави кои ги договориле одлуките на владата.