Екипата на Вардар го назначи четвртиот тренер во само 13 кола од сезоната 2024/25. Станува збор за добро познато име. Гоце Седлоски после седум години се враќа меѓу „црвено-црните“ како тренер, откако последен пат во 2017 ја работеше оваа функција. Со Вардар тогаш освои две титули како тренер, и една како спортски директор.
Но, ова назначување од страна на клубот наиде на отпор кај навивачите на Вардар „Комити“. Тие не сакаат Седлоски да биде новиот тренер на екипата, и му порачаа да не доаѓа на клупата на саботниот меч против Шкупи.
Навивачите не му простуваат тоа што Седлоски после Вардар седеше токму на клупата на Шкупи, со кој освои шампионска титула.
Седлоски покрај Вардар и Шкупи, работеше како тренер и во Хоризонт Турново, Рига, Широки Бријег, Работнички, Влазнија и вториот тим на Динамо Загреб.