ФБИ ги предупреди Американците во вторникот за две нови лажни видеа во кои се тврди дека има терористичка закана и изборна измама, најновата во серијата дезинформации што властите очекуваат дека ќе се појавуваат додека гласачите се упатуваат кон гласачките места на денот на изборите.
Едно лажно видео за кое се тврди дека е испратено од полицијата зборува за терористичка закана и ги повикува Американците „да гласаат од далечина“. На второто е лажно соопштение за медиумите каде ФБИ зборува за наводно наместено гласање во пет затвори.
Двете снимки „не се автентични“, соопшти ФБИ.
Официјални лица на сите нивоа на власт со недели ги предупредуваат Американците за обиди да го поткопаат изборниот процес со лажни информации. ФБИ ги повика гласачите да бараат веродостојни информации од доверливи извори.
Немаше информации за поголеми изборни нарушувања во САД. Кејт Конли, службеник за сајбер безбедност во ФБИ, во вторникот рече дека тие сè уште не регистрирале никаков инцидент што би ја загрозил безбедноста на американската изборна инфраструктура, иако таа предупреди дека странските актери ќе го тврдат спротивното.