Полскиот фудбал го погоди страшна трагедија. Голманот Матеуш Хемпе, трагично го загуби животот на 33-годишна возраст, откако се удавил во река за време на тренинг на тимот на Нолец Чарников.
Тој се обидел да дојде до топката која завршила во блиската река, но го однела силната струја, по што очевидците кажуваат дека му немало спас.
Голманот Хемпе играше за репрезентацијата на Полска за глуви лица, како и голман во футсал.
„Никогаш нема да бидеме подготвени за вакви вести. Полската репрезентација на глувите изгуби многу верен играч, кој со години беше и голман во футсал“, стои кратко во објавата.