Илјадници мртви морски птици се пронајдени на плажите во австралиските држави Квинсленд, Нов Јужен Велс и Викторија во последните неколку недели, додека тие пристигнуваат во Австралија од северната хемисфера, објави „Гардијан“.
Секоја пролет, морските птици летаат 15.000 километри до Австралија од северната хемисфера, а научниците не се сигурни што ја предизвикало масовната смрт.
Професорката Лорен Роман од Универзитетот во Тасманија рече дека масовните умирања на морските птици се случуваат за време на нивната годишна миграција, а луѓето станале свесни за феноменот по широката употреба на паметни телефони и социјалните медиуми.
Професорката Роман истакна дека поради ова не може да се каже дали во последните години се зголемил бројот на угинати птици или само луѓето се повеќе запознаени со оваа појава.
Таа изјави дека угинатите птици биле исцрпени, што укажува дека тешко наоѓале храна пред да ја започнат миграцијата, а патогениот вид на вирусот на птичјиот грип Х5Н1 не бил изолиран во тој предел.
Роман потсети дека милиони морски птици умреле во 2013 година.
Морските птици кои припаѓаат на видовите на крупни зовој живеат повеќе од 40 години и се гнездат во Тасманија и на островите во теснецот Бас.