Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека е неопходно да се дејствува заеднички и решително на меѓународно ниво за да се блокира потенцијалот за „руски терор“ и рече дека на Украина и се потребни пакети оружје „а не зборови“.
„Секогаш кога Русија се обидува да ни ги уништи животите, од клучно значење е да одговориме колективно и решително на меѓународно ниво за да го намалиме и блокираме потенцијалот за терор. На Украина и треба сила за да го постигне тоа. Тоа е единствениот начин да се постигне праведен мир и да се стави крај на убивањето на нашиот народ, противвоздушната одбрана, можностите со долг дострел, пакетите со оружје и санкциите против агресорите – тоа се потребни дејствија, а не само зборови“, рече Зеленски на платформата X.
Тој потсети дека во текот на ноќта руските сили нападнале неколку украински градови со беспилотни летала и ракети, вклучувајќи ги регионите Одеса, Харков и Киев.