Припадниците на германската служба за државна безбедност уапсија 17-годишно момче во градот Елмшорн во провинцијата Шлезвиг-Холштајн, кое е осомничено дека планирал терористички напад на божиќен панаѓур.
Како што објави весникот БИЛД, со гледање на прислушуваните разговори и врз основа на следењето на комуникациите, уапсениот Германец по потекло од Турција имал намера да втурне камион во луѓето на божиќниот саем.
Првата дојава за планот за напад дојде до федералната служба на германската криминалистичка полиција на почетокот на 2024 година од американската разузнавачка служба.
Осомничениот потоа бил следен од агенти на разузнавачката служба во Шлезвиг-Холштајн, а веќе во март годинава, јавното обвинителство во Фленсбург ја презела постапката.