Земјите-членки на ЕУ не го променија ставот за давање помош на Украина во нејзината самоодбрана, но ЕУ не донесе никаква одлука за испраќање европски војници во Украина директно во зоната на конфликтот, изјави портпаролот на ЕУ, Петер Стано.
„Во оваа фаза нема таква одлука на Европската унија да може да испрати свои војници во Украина во кој било својство и под кој било мандат. Во оваа фаза, ние ги имаме нашите мисии на терен. Една од нив е воената обука мисијата, која во моментов има мандат да обезбедува обука надвор од Украина“, рече Стано на брифинг со новинарите во Брисел.