НБА тимот Сан Антонио Спарс на социјалните мрежи објави дека нивниот сегашен тренер Грег Попович имал благ мозочен удар, кој се случил на 2 ноември во Центарот Фрост Банк.
Познато е дека тренерот на НБА, Грег Попович се бори со здравствени проблеми, поради кои Сан Антонио Спарс мораше да ангажира друг тренер.
Бидејќи оваа несреќа дополнително ја влоши неговата здравствена состојба, прашање е дали кошаркарскиот стручњак воопшто ќе се врати на работа.