Вивек Рамасвами , кој беше назначен од Доналд Трамп да го води новиот Оддел за владина ефикасност заедно со Илон Маск , смета дека ФБИ треба да се затвори, а 1,5 милиони државни службеници треба да бидат отпуштени. Тој, исто така, за време на кампањата најави дека сака „крстоносна војна“ против големата администрација во Министерството за образование, ИРС, како и странска помош за Украина, Израел и Тајван.
За затворањето на државната агенција ќе биде потребно одобрение од Конгресот, но Рамасвами е решен да ја намали бирократијата за само две години. Неговиот оддел ќе даде препораки до Белата куќа за тоа како да ги намали големите делови од федералниот буџет од речиси 7 трилиони долари. Тоа е идеја на милијардерот Илон Маск.
Трамп им даде рок на двајцата до 4 јули 2026 година да го поднесат извештајот и најави дека ќе иницира „драстични промени“ и ќе даде предлози за структурни реформи од големи размери.