Украинските одбранбени сили соопштија дека пресретнале крсторувачки ракети, беспилотни летала и камикази.
Синоќа Русија изврши напад врз регионот Одеса со две крстосувачки ракети лансирани од Црното Море. Украина беше нападната со 29 беспилотни летала од регионот Приморско-Ахтарск. Одбраната на Украина пресретнала и еден проектил и 25 дронови. Повеќето од нив биле соборени над регионот Одеса.
Противвоздушната одбрана е активирана и во регионите на Миколаев, Киривоград и Тернопил. Во Одеса беа погодени домови, автомобили и друг приватен имот. Едно лице загина, а најмалку 10 се повредени, меѓу кои и едно дете.