Израелската армија утринава изврши нови напади врз упориштата на проиранското движење Хезболах во јужните предградија на Бејрут откако го повика населението да се евакуира.
Агенцијата Франс прес објави дека облаци чад се издигнуваат над јужните предградија на либанската престолнина.
Пред нападот, портпаролот на израелската армија ги предупреди жителите на населбата Харет Хреикда да се евакуираат преку социјалната мрежа Х.
Бомбардирањето на цели означени како важни за Хезболах во Либан започна на 23 септември, а израелската армија започна копнена офанзива на југот на земјата на 30 септември.