Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина мора да направи се што може за да обезбеди завршување на војната со Русија следната година преку дипломатија, објави во саботата Ројтерс.
Во интервју, Зеленски призна дека ситуацијата на бојното поле во источна Украина е тешка и дека руските сили напредуваат. Тој исто така рече дека неговиот руски колега Владимир Путин не е заинтересиран да се согласи на мировен договор.
Зеленски рече дека американскиот закон го спречува да се сретне со новоизбраниот претседател Доналд Трамп пред неговата инаугурација во јануари. Тој исто така рече дека ќе разговара само со Трамп, а не со кој било пратеник или советник.
„Јас, како претседател на Украина, сериозно ќе прифатам разговор само со претседателот на Соединетите Американски Држави, со целосна почит кон другите луѓе. Од наша страна, мораме да направиме сè за да ставиме крај на оваа војна следната година, преку дипломатски напори. – рече Зеленски.