Авион на Southwest Airlines се подготвувал да полета од аеродромот во Далас во петокот вечерта, но морал да се врати на својата полетна точка откако бил погоден од куршум, соопшти авиокомпанијата во саботата.
„Летот 2494 на Southwest Airlines требаше да полета за Индијанаполис кога куршум ја погоди десната страна, веднаш под пилотската кабина“, потврди портпаролот на компанијата за Ројтерс.
„Нема повредени. Полицијата е известена, а авионот нема да се користи и ќе биде предмет на истрага“, додаде портпаролот.
Аеродромот Лав Филд во Далас соопшти дека инцидентот се случил околу десет часот наутро по локално време, а полицијата и пожарникарите реагирале.
Патниците биле безбедно симнати откако авионот бил оштетен.