Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изрази загриженост поради одлуката на САД да одобрат употреба на американски балистички ракети во Украина, укажувајќи дека тој не поддржува таков потег.
Говорејќи на прес-конференција по самитот на Г20 во Бразил, Ердоган предупреди и на опасностите од нуклеарна војна во контекст на новите закани кои доаѓаат од Русија.
„Никогаш не можеме да кажеме дека војна во која се користи нуклеарно оружје може да резултира со нешто позитивно“, изјави тој.
Коментирајќи ја употребата на американски ракети од страна на Украина, Ердоган ја нагласи потенцијалната опасност што таквите потези претставуваат за ескалација на конфликтот:
„Ракетите што Украина неодамна ги употреби се исто така показател за потенцијални или можни последици. Тоа не се позитивни случувања“. додаде турскиот претседател.