Американскиот претседател Џо Бајден денеска наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД. Бајден денеска немал јавни должности.
Тој се врати во вторникот вечерта од патувањето во Бразил, каде што учествуваше и на самитот на Г20 во Рио де Жанеиро.
Семејството, пријателите и колегите, вклучително и првата дама Џил Бајден и поранешниот американски претседател Барак Обама, му го честитаа роденденот на Бајден на социјалните мрежи.
„Среќен роденден на мојот драг пријател и нашиот неверојатен претседател Џо Бајден“, објави американската потпретседателка Камала Харис на платформата X.
Бајден се повлече од претседателската трка во јули 2024 година делумно затоа што гласачите веруваа дека тој е премногу стар за таа работа и поради загриженоста за неговиот ментален капацитет по лошиот настап во јунската дебата со републиканскиот предизвикувач Доналд Трамп.