Украинската војска соопшти дека соборила 56 од 122 беспилотни летала лансирани од Русија во текот на ноќта.
Исто така, соопшти дека запрела два од шест проектили.
Воздухопловните сили соопштија дека изгубиле трага од 58 дронови лансирани од Русија на своите радари, додека пет беспилотни летала се вратиле во Русија и еден се упатил кон Белорусија.
Украинските единици за противвоздушна одбрана рано утринава се обидуваат да го одбијат рускиот воздушен напад врз Киев.