Австралиската министерка за комуникации, Мишел Роланд, воведе закон со кој на децата под 16-годишна возраст им се забранува пристап до социјалните мрежи.
Овде се вклучени социјалните мрежи како TikTok, Facebook и Instagram, а целта е да се заштитат младите од штетна содржина на интернет. Платформите кои не се во согласност со оваа легислатива се соочуваат со казна до 33 милиони долари, објави АП.
„Законот има за цел да постави социјална норма дека пристапот до социјалните мрежи не е клучен дел од растењето“, рече Роуланд, нагласувајќи дека безбедноста на интернет е голем предизвик за родителите.