Биткоинот денеска се искачи на ново рекордно високо ниво од 95.000 долари, по извештаите дека компанијата за социјални медиуми на Доналд Трамп преговара за купување на фирмата за трговија со криптовалути Bakt (BKKT.N), зголемувајќи ги очекувањата за режим пријателски настроен кон криптовалутите под претстојната администрација на САД.
Биткоинот, најголемата и најпозната криптовалута во светот, оваа година се зголеми за повеќе од двојно, достигнувајќи 94.982,37 долари денес, пренесува Ројтерс.
Биткоинот порасна за повеќе од 40 отсто по претседателските избори во САД на 5 ноември, бидејќи трговците се обложија дека потврдената посветеност на Трамп за поддршка на криптовалутите ќе доведе до помалку рестриктивно регулаторно опкружување, што ќе го подигне секторот како целина.
Претходно оваа недела, Wall Street Journal објави дека Трамп имал приватна средба со извршниот директор на крипто берзата „Coinbase“ Брајан Армстронг, што дополнително ја зголеми довербата во криптовалутите.
Сето ова ја подигна вредноста на глобалниот пазар на криптовалути на рекордно високо ниво од повеќе од три трилиони долари, според анализата на податоците на CoinGecko.
Производите со биткоин со кои се тргува во САД, привлекоа околу 4,2 милијарди долари од победата на Трамп на изборите, што е околу 15 отсто од вкупниот прилив од лансирањето на производите на американските берзи во јануари.