Вулкан во близина на главниот град на Исланд, Рејкјавик, еруптираше по 10-ти пат во последните три години, исфрлајќи големи колични на лава и чад, соопшти метеоролошката служба на земјата.
Додека магмата се акумулирала под земја, властите предупредија на неизбежна вулканска активност на полуостровот Рејкјанес, околу 30 километри југозападно од главниот град Рејкјавик, каде што последната ерупција заврши на 6 септември.
„Заспани“ 800 години, геолошките системи во областа беа повторно активирани во 2021 година и оттогаш еруптираа почесто, а последната е шеста досега во 2024 година.
Блискиот рибарски град Гриндавик, дом на речиси 4.000 жители пред наредбата за евакуација минатиот декември, останува главно напуштен поради повремената закана од текови на лава, исландските власти подигнаа бариери за да ги пренасочат тековите на стопените карпи од градот, како и инфраструктурата.