Лансирањето на интерконтинентална ракета од страна на Русија би било неодговорно и би довело до ескалација, изјави денеска портпаролот на британскиот премиер Кир Стармер, цитиран од Франс прес.
Претходно украинските воздухопловни сили објавија дека руската војска истрелала балистичка ракета врз цел на градот Днипро, во централно-источниот дел на земјата. Ако информацијата биде потврдена, тоа би било прва употреба на ваков вид оружје од почетокот на конфликтот.
Засега од Русија нема реакција. Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова не коментираше на оваа тема.