Подготвките за Божиќ и Нова Година полека се ближат, а многумина од Македонија заминуваат и во Австрија. И доколку патувате со сопствен автомобил, треба да знаете дека од 1 јануари, цените на вињетите кои се плаќаат за патарина во Австрија се зголемуваат.
Во Австрија вињетата е задолжителна со носивост до 3,5 тони за возење на автопати и експресни патишта. Вињетата може да се купи низ 6000 продажни места.
Постојат вињети со рок од 1 ден, 10 дена, 2 месеци и една година. Исто така има вињети кои се лепат на ветробранското стакло, и дигитална вињета.
Но, сега цената на вињетите е за 7,7% повисока. Новата цена ќе почне да важи од 1 декември, и за автомобилите еднодневната вињета изнесува 9,30 евра, десетневната 12,40 евра, двомесечната 31,10 евра, и годишната 103,8 евра.
За 7,7 % поскапени се и вињетите на мотоцикли.
Она што исто треба да го знаете е дека при купување на Интернет, двомесечните и годишните вињети важат само од 18-тиот ден од датумот на купување. Ако се премислите со купувањето преку интернет, имате 14 дена да го откажете купувањето. Исклучок за купување се еднодневните и десетдневните вињети кои важат веднаш.