Силен снег падна во делови од Западна Европа, каде што доведе до големи прекини во сообраќајот, а привремено беше затворена и Ајфеловата кула во Париз.
Службите за итни случаи во југозападната германска покраина Баден-Виртемберг биле вклучени во повеќе од 380 инциденти поврзани со временските услови во изминатите 18 часа, соопшти во петокот полицијата. Портпаролот на полицијата соопшти дека се повредени најмалку 30 лица, главно полесно, а штетата изнесува повеќе од еден милион евра.
Најпогоден град бил Фрајбург, каде полицијата учествувала во нешто помалку од 300 операции поврзани со временските услови во периодот од четврток попладне до петок наутро, соопшти полицијата.
Во соседна Франција, околу 1.750 камиони останаа заглавени на патиштата, а најтешко се погодени северните провинции Бургундија и Нормандија, изјави министерот за транспорт Франсоа Дуроврај.