Невообичаена семејна трагедија се случила во предградието на Торино, каде мајка си ја убила десетмесечната ќерка, а потоа се обидела да си го одземе животот, јавија денеска италијанските медиуми.
Таткото на девојчето повикал полиција, а карабинерите го пронашле бебето мртво во кадата во бањата, објави весникот „Месаѓеро“.
Полицијата засега не исклучува никаква можност во истрагата, како и претпоставката дека се работи за убиство бидејќи бебето било пронајдено удавено во када.
Таткото на девојчето се обидел да ја реанимира, но не успеал.
Мајката на бебето се обидела да се самоубие со кујнски нож нанесувајќи и рани во градниот кош и била пренесена во болница.