Писмото во кое има прашок од сомнителен состав утрово е доставено до кабинетот на белгискиот премиер Александар де Кро, пренесоа белгиските медиуми.
Инцидентот го потврдија од Бриселската противпожарна бригада, кои соопштија дека едно лице кое дошло во контакт со писмото, превентивно било пренесено во болница.
На местото на настанот, покрај противпожарната бригада, се испратени и полиција и Цивилна заштита, кои го однеле писмото на дополнителна анализа, пишува „Брасел тајмс“.
Според извештаите, ова е трет пат оваа недела во Брисел да се најде писмо со сомнителен прав.
Во средата наутро сличен инцидент се случил во канцеларијата на Службата за државна безбедност, а уште еден сомнителен плик бил откриен во средата попладне во МВР.
Во инцидентите немало последици од контаминација, а засега не се знае дали овие три случаи се поврзани.