Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ја номинираше обвинителка Пем Бонди за свој главен јавен обвинител, неколку часа откако Мет Гец се повлече од трката поради обвиненијата кои ги имаше за сексуално злоставување на малолетничка.
„Предолго Министерството за правда се користеше како оружје против мене и другите републиканци – нема да биде повеќе. Пем ќе го пренасочи Министерството кон неговата цел да се бори против криминалот и да ја направи Америка безбедна повторно“, напиша Трамп на социјалните мрежи.
„Ја познавам Пем многу години – таа е паметна и цврста, таа е најдобрата во Америка. Таа ќе заврши одлична работа како државен обвинител“, додаде тој.