Околу 33.000 домаќинства денеска останаа без струја во Франција, главно во Нормандија и покрај реката Лоара на запад, по невремето Кетано во петокот, соопшти раководството на електричната мрежа Енедис.
„Денеска во 13.00 часот 33.000 домаќинства останаа без струја“, соопшти мрежата, додавајќи дека најпогодени домаќинства се во Нормандија (15.000 домаќинства) и околу реката Лоара (12.000 домаќинства).
Енедис изјави дека мобилизирал 2.200 негови техничари за да ги отстранат немирите и да ја вратат електричната енергија, по почетокот на невремето што предизвика врнежи од снег и брзина на ветер до 130 километри на час.
Невремето предизвика прекини на многу сообраќајни правци, а влијаеше и на железничкиот сообраќај.