Најмалку едно лице загина во бурата Берт, која ги погоди Велика Британија и Ирска, соопшти англиската полиција.
Полицијата во Хемпшир потврди дека маж на возраст од околу 60 години загинал кога дрво паднало врз неговиот автомобил, пренесува Скај Њус.
Противпожарната и спасувачката служба на островот Мен соопшти дека три лица биле спасени од возило кое останало заглавено на патот поради поплава.
Речиси 27.000 домови ширум североистокот, Јоркшир и Северен Линколншир денеска доживеаја прекин на електричната енергија, објави британската енергетска компанија „Нордерн Повергрид“.
Во исто време, во Ирска најмалку 60.000 домаќинства, фарми и бизниси останаа без струја поради невремето Берт, соопшти електродистрибутивната компанија „Ај-ЕС-Би Нетворкс“.
Во Северна Ирска поради поплави дошло до прекини во железничкиот сообраќај. Полицијата ги предупреди возачите да внимаваат на патиштата поради лошите временски услови.
Storm Bert claims three motorists’ lives with two crashes and one crushed by a tree: Airports close and 16-inch snowfall blankets areas as ‘multi-hazard’ weather hits UK – with WORSE to come
via https://t.co/4N6UmtO8sD https://t.co/r47AfNttPR— Bob For A Full Brexit (@boblister_poole) November 23, 2024
Поради снежните врнежи откажани или одложени се неколку летови на аеродромот во Њукасл.
Портокалово предупредување е на сила во Шкотска поради снег и мраз, што може да предизвика колапс во сообраќајот и доцнење на патиштата.
Метеоролозите предупредуваат дека постои ризик од загрозување на животот и имотот, а предупредувањето ќе важи до 17:00 часот.