Украинскиот парламент нема да се состане во петок поради закана од ракетни напади, соопштија официјалните лица.
Парламентот требаше да заседава еден час, и на дневен ред беа пратенички прашања.
„Седницата е откажана поради информации за можни напади. Тоа не значи дека ќе се случи, но има предупредување, а бидејќи ништо важно не е планирано за петок, се е одложено за следната пленарна седница“, изјави пратеникот Јарослав Железњак на Телеграм.
Заканата доаѓа еден ден откако Русија во четвртокот лансираше нова ненуклеарна балистичка ракета со среден дострел врз украинскиот град Днипро, во значителна ескалација на војната.