Два брода со мигранти се превртеа во Индискиот Океан во близина на Мадагаскар, а бројот на загинати се искачи на 25, соопштија локалните власти.
Други 48 луѓе беа спасени од водите во северниот дел на Мадагаскар, а официјални лица изјавија дека мигрантите биле на море речиси еден месец со надеж дека ќе стигнат до француската територија Мајот.
Чамците ја напуштија плажата во близина на главниот град на Сомалија Могадишу на 2 ноември со 73 луѓе на него. Мајот е на околу 1.600 километри од Могадишу.
Не е јасно што го предизвикало превртувањето на чамците, а истрагата е во тек.
Министерството за надворешни работи на Мадагаскар побара помош од Меѓународната организација за миграција (ИОМ) на ОН.
Секоја година, многу млади Сомалијци тргнуваат на опасни патувања во потрага по подобар живот во странство.