Израелската влада вечерва на владина седница официјално ќе гласа за примирје со исламистичката група Хезболах со која војува повеќе од една година. Ова во вечерашното обраќање до јавноста го потврди израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Тој рече дека ова не е крај на војната, додавајќи дека нема крај на војната додека сите Израелци кои избегаа од ракетниот оган на Хезболах во изминатата година не се вратат во своите домови на северот на земјата. Тој исто така рече дека Израел сега ќе се фокусира на заканата од Иран.
Israeli PM Benjamin Netanyahu issues a statement after a vote by Israel’s security Cabinet on a US-brokered ceasefire aimed at ending more than a year of fighting with Hezbollah
Live updates ➡️ https://t.co/R34EVI8q0u https://t.co/GepBblRuPh
— Sky News (@SkyNews) November 26, 2024
Нетанјаху го започна својот говор обраќајќи им се на жителите бегалци од северен Израел, велејќи дека е горд на нивната истрајност и издржливост. Тој вели дека благодарение на храброста на израелските одбранбени сили се постигнати големи успеси. Тој тврди дека акцијата на ИД ја одразува моќта на Израел на Блискиот Исток.
„Во Либан Хезболах повеќе не е истиот“, рече Нетанјаху, додавајќи дека израелската армија убила високи команданти и Насрала, поранешниот лидер на Хезболах.
Израел, исто така, ја уништи инфраструктурата на Хезболах и „нападна клучни цели“, додаде тој. Тој вели дека ги „гледа сите седум фронтови“ и „пошироката, поголема слика“ и дека е „решен да му донесе победа на Израел“.
Потврди дека ќе гласа за примирје
Нетанјаху вели дека неговиот кабинет ќе го одобри договорот за прекин на огнот за прекин на борбите со Хезболах во Либан. Според договорот, како што вели тој, секој обид на Хезболах за повторно вооружување би бил прекршување на договорот и дека Израел „жестоко ќе одговори“ доколку го стори тоа.
„Времетраењето на прекинот на огнот зависи од тоа што ќе се случи во Либан“, рече тој.
Тој додава дека Израел повторно ќе нападне доколку Хезболах го прекрши договорот. Овој договор може да се спроведе и ние ќе го направиме тоа“, заклучи тој