151
Во Еквадор, e убиен хрватскиот државјанин Томислав Зеленчиќ (48), син на хрватскиот пејач Инослав Ино Зеленчиќ. Томислав живеел во Манта неколку години, а бил убиен во близина на неговиот дом.
Локалните медиуми јавуваат дека во него пукале луѓе кои возеле мотор и дека бил застрелан четири пати.
Тој не починал на местото на злосторството, туку во блискиот здравствен дом само неколку минути откако пристигнал таму. Агентите на Националната агенција за истраги на криминал пристигнале на местото на злосторството за да соберат докази и да покренат истрага. Засега не е познат мотивот за вооружениот напад и никој не е уапсен за убиството.
Еквадорските медиуми објавија дека Зеленчиќ во 2016 година поднел пријава за грабеж, која била решена со помирување. Зеленчиќ е син на задарскиот пејач Инослав Ино Зеленчиќ, основач на групата Задар експрес.