Европскиот парламент денеска усвои резолуција со која не ги признава парламентарните избори одржани на крајот на октомври во Грузија, на кои, според нив, „не биле почитувани меѓународните норми“, и повикаа тие повторно да се одржат за една година.
Текстот беше усвоен со 444 гласови за, 72 против и 82 воздржани.
Европратениците ги осудија сериозните изборни нерегуларности за време на изборите, на кои победи „Грузиски сон“ кој владее со земјата од 2012 година, и обвинети се за проруска автотирана пристрасност.
Резолуцијата исто така укажува на „докажани случаи на заплашување, манипулација со гласови“, и отфрла да ги признае резултатите.