Околу 53% од Французите сакаат да падне владата на премиерот Мишел Барние, незадоволни од неговиот предложен буџет, според анкетата на Ifop-Fiducial за Радио Суд објавена денеска.
Анкетата покажа дека 67 отсто од испитаниците се против буџетот на Барние, кој има за цел да го намали растечкиот јавен дефицит на Франција со зголемување на даноците и намалување на трошоците, додека 33 отсто го поддржуваат.
Владата на Барние би можела да падне пред Божиќ, а можеби дури и следната недела, доколку екстремно десничарските и левичарските непријатели принудат гласање за доверба во кое тој најверојатно ќе изгуби, според десетина извори од политичкиот спектар.
Во анкетата на Елабе за BFM TV во средата, 63 отсто од испитаниците рекоа дека претседателот Емануел Макрон треба да поднесе оставка доколку владата на Барние падне.