33
Кралот Чарлс наводно донел одлука во врска со божиќната покана на принцот Ендрју. Според пишувањата на западните медиуми, неговата одлука е донесена среде расправијата на браќата за Кралската ложа.
Некои ќе го наречат празнично чудо, други допир на братска љубов – како и да е, кралот Чарлс наводно го поканил принцот Ендрју да му се придружи на остатокот од кралското семејство за Божиќ во Сандрингам оваа година.
Како што пишува британски „Експрес“, кралот Чарлс наводно му подава маслиново гранче на својот помлад брат и покрај нивната расправија за Кралската ложа во Виндзор.
„Упатените истакнуваат дека кралот е непопустлив за одржување на семејното единство, особено за време на божиќната сезона“, објави весникот, откривајќи дека поканата до Ендрју била „мировна понуда“ која војводата од Јорк треба да ја прифати.
Било истакнато и како Чарлс, откако му беше дијагностициран рак на почетокот од оваа година, му дава приоритет на семејството. Така, тој планира да организира „голема божиќна забава“ за да го зајакне семејното единство по една година нарушена со здравствени проблеми.Тој веќе почнал со подготовките за прославата, па го посетува имотот и главната куќа и се договара со персоналот за плановите.
Божиќната покана на Ендрју е прилично изненадување, бидејќи неодамна беше објавено дека Чарлс финансиски го спасил својот брат со тоа што му го одземал додатокот од 1,3 милиони долари и приватното осигурување. „Војводата повеќе не е финансиски товар за кралот“, напиша авторот Роберт Хардман во својата нова книга „Charles III: New King. New Court. The Inside Story“.
Ендрју и Чарлс беа во долгогодишна битка за животната ситуација на Ендрју, при што Чарлс се обидуваше да го избрка Ендру од Кралската ложа и да го пресели во „Frogmore Cottage“ (поранешниот дом на Меган Маркл и принцот Вилијам). Ендрју одбил да замине, принудувајќи го кралот да преземе подрастични мерки со отстранување на мебелот и другите вредни предмети од резиденцијата.