Како успеала да се качи во авионот засега е непознато. Од компанијата Делта велат дека истрагата е во тек.
Роб Џексон, еден од патниците, за Њујорк Тајмс изјави дека се било нормално до моментот на слетување.
„Често патувам со авион, но забележав дека се случи нешто необично штом слетавме“, изјави Џексон.
По слетувањето, капетанот им рекол на патниците да останат на своите места додека не се реши ситуацијата.
На видеото објавено на социјалните мрежи од еден од патниците, се слуша како капетанот информира дека службениците чекаат да ја одведат жената.
„Ова е капетанот, ја чекаме полицијата и ни рекоа да ги задржиме сите во авионот додека не се реши случајот со патникот без билет“, рече тој.
Шест или седум полицајци потоа влегле во авионот, додал патникот.
Џексон тогаш слушнал дека стјуардесата рекла дека жената отишла од еден во друг тоалет за време на летот.