21
Судиите веќе двапати одбија кауција за раперот Пи Диди, а обвинителите, спротивставувајќи се на третото барање, изјавија дека раперот и продуцентот контактирале со сведоци и ја прекршиле политиката на затворот за следење на комуникациите.
„Поради наведените причини, барањето на Комбс е ОДБИЕНО – ниту еден услов или комбинација на услови разумно нема да ја осигура безбедноста на заедницата“, рече федералниот судија Арун Субраманијан во наредбата.
Субраманијан, исто така, го одби барањето на Комбс да биде ослободен од притвор за да ја подготви својата одбрана.
– Комбс не докажа дека ослободувањето од притвор е неопходно за потребите на подготовката на судењето – вели судијата.
Федералните обвинители тврдат дека Комбс (55) сексуално злоупотребувал жени и ги принудувал да учествуваат во секс забави и да користат дрога користејќи закани и насилство.
Тој се изјасни за невин по сите точки од обвинението, а почетокот на неговото кривично судење е закажан за 5 мај 2025 година.
Надвор од судот на Менхетен, случајни минувачи ѝ викаа на мајката на Комбс, Џенис Комбс: „Твојот син е предатор“.
Јавните обвинувања против добитникот на Греми се трупаат од крајот на минатата година, кога пејачката Кеси, чие вистинско име е Касандра Вентура, обвини дека Комбс ја подложувал на физичко насилство и дрога повеќе од една деценија и ја силувал во 2018 година.