49
Триесет и две годишната актерка, пејачка и претприемач, Селена Гомез, никогаш не се двоумела да покаже дека во нејзиниот случај вреди да се бориш за вистинската љубов. Иако долго чекаше на љубов, откако раскинувањето со Џастин Бибер и го скрши срцето, Селена конечно е среќна.
Таа е во врска со 36-годишниот музички продуцент Бени Бланко од 2023 година и според сите информации, тој би можел да биде „вистинскиот“ за неа.
Ова го потврди самиот Бланко за време на пренос во живо. Тој зборуваше и за врската со Селена Гомез и откри интересни детали.
„Таа беше таа што го направи првиот потег и ме замоли да излеземе. Само што разговаравме и таа одеднаш рече: „Сакаш да вечераш со мене?“, откри Бланко и ги изненади сите со дополнително откритие: „Отпрвин само отидовме на пијалок и не сфатив дека сме на состанок, а потоа таа рече: „Би носела нешто различно за овој состанок“. Збунет, прашав: „Чекај, дали сме на состанок? Немав поим“.
Сепак, дури за време на вториот состанок Бланко сфатил дека и се допаѓа на Селена, а потоа сè почнало да се случува брзо. „Помислив: „Изгледа дека и се допаѓам! И тогаш буквално ја бакнав и останатото е историја“.
Речиси една година подоцна, врската помеѓу Гомез и Бланко се покажа како силна, а музичкиот продуцент не крие дека Селена му е и најдобра пријателка. Тој ја опиша нивната врска како нешто „најбезбедно и најзначајно што Селена некогаш го имала“.
Селена Гомез зборуваше за нејзината врска во интервју за Hollywood Reporter, објавено на 20 ноември. Таа тогаш призна дека оваа врска е нешто што никогаш не го имала: „Претпоставувам дека ова е најбезбедно што сум се чувствувала во врска. И јас гледам иднина со оваа личност, бидејќи кога малку ќе се разоткриеш, луѓето веќе не се толку гладни да ве „ловат“.