284
Малиот принц Луис е големата ѕвезда на кралското семејство. Секогаш го привлекува вниманието со своето симпатично палаво однесување, а сега открил како уште повеќе да го привлече вниманието на родителите со ново хоби.
На шестгодишна возраст, принцот Џорџ почнал да учи да свири гитара, а сега на истата возраст, неговиот помлад брат Луис се занимава со музички инструмент. За жал на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, изборот падна на – тапани.
Најмладиот син на принцот и принцезата од Велс неодамна ги откри „убавините“ на овој инструмент, кој е вистински „кошмар“ за секој родител и домаќинство, особено кога стаповите се во рацете на шестгодишно дете.
За целата ситуација зборуваше идниот британски крал, кој на доделувањето на наградите „Туск“ во разговор со Рони Вуд од Ролинг Стоунс и гитаристот Марк Нопфлер откри: „Мојот најмлад син учи да свири на тапани. Затоа сега го поминувам целиот мој живот со прстите во уши“, рекол принцот Вилијам во свој комичен стил, не криејќи колку „страдања“ му предизвикува ова хоби.
А добро е познато дека малиот Луис ја сака музиката, особено откако на настанот Earthshot минатата година Вилијам им откри на членовите на групата OneRepublic дека неговиот син е голем обожавател на нивните песни.
Покрај овој интерес, Луис уште на рана возраст се покажал како талентиран спортист. Во април, принцот од Велс откри дека братот на принцот Џорџ и принцезата Шарлот сака да игра крикет, а Кејт Мидлтон зборуваше за неговата љубов кон рагбито.
Луис има „камиказе“ стил кога игра рагби“, рече Кејт за време на приемот за членовите на Рагби Унијата.
Познато е и дека принцот Џорџ сака да свири гитара, од 2020 година, односно на истата возраст на која неговиот помал брат ја открил сопствената страст за музиката.