Американскиот претседател Џо Бајден синоќа соопшти дека го помилувал својот син Хантер, кој чекал пресуда за случаи на недозволено поседување огнено оружје, лажни изјави при проверка на оружјето, за што претходно бил прогласен за виновен, како и за затајување данок, што тој самиот призна.
Иако Бајден претходно уверуваше дека нема да даде претседателско помилување на неговиот 54-годишен син, сега одлучи да го стори тоа.
Објавена е изјавата на неговиот син Хантер Бајден:
„Признав и преземав одговорност за моите грешки во најтемните денови на мојата зависност – грешки кои беа искористени за јавно да се понижат и засрамат мене и моето семејство поради политиката“, се вели во соопштението.
„Никогаш нема да земам помилување здраво за готово“
„И покрај сето ова, јас сум трезен повеќе од пет години поради мојата длабока вера и непоколеблива љубов и поддршката од моето семејство и пријателите“, рече Хантер Бајден.
„Во маката на зависност, потрошив многу можности и сили. Во закрепнувањето, може да ни се даде можност да се поправиме каде што е можно и да ги обновиме нашите животи ако никогаш не ја земеме здраво за готово милоста што ни се пружа.
„Никогаш нема да го земам здраво за готово помилувањето што ми беше дадено и ќе го посветам животот што повторно го изградив за да им помагам на оние кои сè уште се болни и страдаат“, рече тој.
Бајден помилува 26 лица, Трамп 143 Инаку, Хантер Бајден не е првиот човек помилуван од неговиот татко.
Досега Џо Бајден даде помилување на 25 други лица, објави Си-Би-Ес. Повеќето од помилуваните беа обвинети за кривични дела поврзани со дрога.
Доналд Трамп ја напушти Белата куќа со вкупно 143 помилувања.