Синдикатот „ИГ Метал“ го зголемува притисокот врз компанијата Фолксваген со предупредувачки штрајкови на речиси сите работни места. Шефот на работниот совет, ги повика луѓето да „покажат заби“ на производителот „Фолксваген“. Во 9:30 часот првите вработени во фабриката во „Цвикау“ ја прекинаа работата.
Следуваа и другите локации, меѓу кои и главната фабрика во Волфсбург, потоа Хановер, Брауншвајг, Емден и Кемниц. Денеска е запрено производството на девет од десет германски фабрики кои произведуваат за Фолксваген. Штрајкот беше предвиден да трае два часа.
Членовите на одборите на германскиот гигант за автомобили и другите компании сакаат да ги затворат фабриките и да намалат работни места. Работниците се загрижени поради нарушување на нивните права.
„Фрустрацијата кај работниците е голема“, рече Даниела Кавало, лидерот на работничкиот совет.
Единствено фабриката во Оснабрик нема да штрајкува.
Фолксваген стравува за својата иднина. Компанијата соопшти дека презела мерки за преземање на итни резерви, поради запирањето на производството.
Од Фолксваген бараат намалување на платата за 10% на сите вработени, а се размислува за затворање фабрики и отпуштања. Двете страни ќе се сретнат на 9 декември на следна рунда преговори.