Властите на Хамас објавија дека најмалку 71 Палестинец е убиен во израелските напади по објавувањето на договорот за прекин на огнот со Израел.
Според портпаролот на цивилната одбрана на Газа под контрола на Хамас, најмалку 71 Палестинец се убиени во палестинската крајбрежна област од средата навечер.
Повеќето од жртвите биле во градот Газа. Се наведува дека меѓу загинатите има деца и жени.
Информациите не можеа веднаш да бидат независно проверени.
Израелската војска соопшти дека ги истражува извештаите.
Израел и Хамас во средата се договорија за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците, по 15 месеци војна во која загинаа десетици илјади луѓе.
Според податоците на Министерството за здравство во Газа, во израелските напади до денес се убиени најмалку 46.707 Палестинци.