Деновиве во бугарското Собрание ќе се гласа новата Влада. По седум изборни циклуси во последните три години коалиција формираа партијата на Бојко Борисов ГЕРБ, Социјалистичката партија и „Има таков народ“ на Слави Трифонов.
Во Владата нема да учествува Движењето за права и слободи на Ахмед Доган, но тие ќе даваат поддршка за гласањето во Собранието.
Иден премиер ќе биде Росен Жељазков, кој вели дека доста било одење од избори на избори.
Жељазков денеска го врати исполнет мандатот кај претседателот Румен Радев.