Франција планира да одржи конференција за Сирија на 13 февруари во Париз, соопшти денеска кабинетот на претседателот на земјата, Емануел Макрон.
Во соопштението на кабинетот на Макрон се наведува дека ваквата одлука е донесена по разговорот со саудискиот престолонаследник Мухамед бин Салман, при што двајцата лидери разговарале за ситуацијата во Сирија.
„Двајцата шефови на држави (на средбата) ја повторија својата посветеност да поддржат праведна и инклузивна политичка транзиција (на влада) која ги почитува правата на сите Сиријци“, се вели во соопштението што го пренесува Ројтерс.