Телата на двајца тинејџери на возраст од 14 и 16 години се пронајдени во автомобил во гаража во Рашка, Србија, потврдија за Н1.
Тој медиум јавува дека утринава во 2 часот и 50 минути во полиција е добиена пријава дека во автомобил „фолксваген поло“ во гаражата се пронајдени телата на двајца тинејџери, родени 2010 и 2008 година.
Лекарите од итната медицинска помош констатирале смрт нешто по три часа.
Засега не се знае како дошло до трагедијата, но се сомнева дека се задушиле поради труење со издувни гасови.
ФОТО: Архива