Земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Албанија, јавува EMSC.
Земјотресот е регистриран во 11:51 часот на 40 километри од Елбасан, во близина на границата со Македонија на длабочина од 5 километри.
Засега нема извештаи за материјална штета, земјотресот бил почувствуван и во охридското подрачје.