На меѓународниот аеродром во Сараево денеска беше забележан напуштен багаж во зградата на Терминалот „Б“. Во согласност со стандардните безбедносни процедури, сите патници и персоналот беа веднаш евакуирани од објектот за да се обезбеди нивната безбедност.
Како што изјавија за N1 од аеродромот во Сараево, по детален преглед на напуштениот багаж од страна на службеник на Граничната полиција на Босна и Херцеговина, било утврдено дека багажот не претставува никаква опасност за воздушниот сообраќај, безбедноста на патниците, персоналот и животната средина.
Редовните оперативни процеси на аеродромот продолжија веднаш по завршувањето на инспекцијата, а активностите на терминалот Б беа повторно воспоставени.
„Персоналот на меѓународниот аеродром во Сараево сака да им се заблагодари на патниците и другите корисници на услуги за разбирањето и соработката при примената на безбедносните процедури кои се приоритетни за да се обезбеди максимална безбедност на сите присутни“ , стои во соопштението.