Српскиот претседател Алекандар Вучиќ, изјави дека целта е Србија да почне да користи летечки автомобили во земјата до 2027 година.
Вучиќ кој е во Давос на годишниот состанок на Светскиот економски форум, најави дека на оваа тема разговарал со американската компанија „Арчер авијација“, една од најпознатите компании кои се занимаваат со летечки автомобили и дронови.
„Започнавме да договараме купување на најмалку три вакви автомобили“, рече Вучиќ, додавајќи дека се водат преговори со „нашите кинески пријатели“, и дека има напредок во таа област и во неколку градови ќе имаат само летечки автомобили.
„Ќе побрзаме да се обидеме до 2026 година да завршиме се што е поврзано со регулација за да можеме да возиме летечки автомобили до 2027 година“, рече српскиот претседател.