Украинскиот претседател Володимир Зеленски упати итен апел до сојузниците да обезбедат дополнителна воена помош во форма на американски системи за противвоздушна одбрана Патриот, откако Русија изврши повеќе од 1.000 воздушни напади врз Украина минатата недела.
– Потребна ни е силна поддршка од нашите партнери – објави Зеленски на својот „Телеграм“ канал.
– Повеќе Патриот систем за воздушна одбрана за Украина значи поголема заштита на животот – изјави тој.
Руските напади предизвикаа бројни жртви и десетици повредени – пренесе германската агенција ДПА.
Според Зеленски, Русија минатата недела ја нападна Украина со повеќе од 660 крстосувачки ракети, околу 550 беспилотни летала и речиси 60 проектили. Украинската противвоздушна одбрана собори 33 проектили, вклучително и балистичка ракета, како и повеќе од 300 беспилотни летала.