Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола изјави денеска дека проширувањето на ЕУ е геополитичка неопходност и предупреди дека доколку ЕУ продолжи да го одложува процесот, „другите ќе се вклучат за да ја пополнат празнината“.
„Проширувањето повеќе не е само благородна амбиција, тоа сега, јас цврсто верувам, е геополитичка неопходност“, рече Мецола на годишната конференција на амбасадорите на ЕУ во Брисел, тврдејќи дека „руското мешање во Молдавија, Грузија и Западен Балкан е „директен предизвик“ за колективната безбедност на ЕУ.
Истовремено, таа посочи дека ЕУ изгубила повеќе членки отколку што добила во последната деценија.